УГД Студенти
Зошто Еразмус+
ЕУ и Еразмус+
Еразмус+ програмата е ЕУ програма за едукација и тренинг на младите која се имплементира од 2014 до 2020 година.
Еразмус+ програмата цели да ги пронајде и да ги надогради едукативните вештини, да го модернизира образованието, праксата и младинската работа. Седумгодишната работа во рамките на сите европски универзитети, има буџет од 14,7 билиони евра.
Еразмус+ им обезбедува можности за образование во странство на околу 4 милиони европејци, да студираат, учат, работат или волонтираат. Еразмус+ е отворена програма за државите во и надвор од ЕУ, меѓу кои е и Република Македонија.
Пронајди ги Еразмус+ можностите!
УГД и Еразмус+
Конекцијата и симбиозата на работа меѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ и странските Универзитети, произлегува од програмата Еразмус+. Досегашното искуство говори дека истата се имплементира успешно и многумина студенти од УГД успејаа да го прошират својот видик низ призмата на Ерасмус+.
Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип веќе неколку години успешно ја реализира Еразмус + програмата со Европските партнер Универзитети. Студентите и вработените при УГД имаат можност да бидат дел од оваа незаборавно искуство преку програмата за студентска мобилност и мобилност на вработени.
Со цел оваа програма да биде што е можно поблиску до студентите, УГД во текот на годината постојано организира информативни денови и со станоци со претставници од Националната Агенција. Сите нови информации и повици можете да ги следете во делот Активности.
Ерасмус плус програмата е наменета за сите редовно запишани студенти при УГД кои имаат завршено најмалку 2 семестри од студиите. Студентската размена можат да ја реализираат во еден од партнерските Универзитети чија листа е прикажана во делот Еразмус + партнерски Универзитети. Во зависност од договорот студиската размена може да се реализира во 6 или 12 месеци.
Услови за аплицирање
- Студентите да ја имаат завршено прва година од студиите;
- Да имаат постигнато солиден успех за време на студиите;
- Да имаат одлично познавање на англискиот јазик;
Потребни документи
- Уверение за положени испити;
- Копија од индекс;
- CV;
- Мотивациско писмо;
- Две препораки од професор;
- Копија од сертификати, пофалници, награди;
- Пополнета пријава за изразување на интерес за учество во Еразмус + програмата;
- Сертификат за познавање на странски јазик