Цветанка Младеновска
Факултет за медицински науки – пракса
Како студент на медицина постојано сакам да се надоградувам и да допринесувам во усовршување на практичниот дел. Моето Еразмус + искуство го стекнав во Дортмунд, каде што поминав три месеци во болницата Јоханес на одделот за Абдоминална хирургија . Како практикант се стекнав со големо искуство од областа на хирургијата, вклучително асистирање на операции, минимално инвазивни интервенции, следење на постоперативната состојба на пациентите, целосен физикален преглед и анамнеза. Како дел од тимот доктори постојаната комуникација со нив и пациентите ми овозможи да го подобрам и Германскиот јазик. Јас поминав прекрасни три месеци како Еразмус студент исполнети со нови предизвици, искуства, стекнување на нови пријателства и препорачувам на сите студенти кои имаат можност да бидат дел од Еразмус+ програмата.