Ѓорѓи Ефремов

Пракса – Факултет за образовни науки.

Во четвртата година од студирањето станав дел од Еразмус програмата за пракса. Како студент на Факултетот за образовни накуи на насоката за историја, добив можност да заминам во Пула, Република Хрватска. Освен одличната можност за надоградување на сопственото знаење и искуство, причина за аплицирање на Еразмус програмата беше и мојата сентименталност, пасија и цел кон работата која требаше да ја извршувам во Хрватска. Како иден историчар од особена важност е живо или директно да се запознае со темата која ја истражува, токму оваа размена го овозможи тоа. Кога реков за мојата сентименталност кон историјата како наука не зборувам само за знаењето како збир на информации, но и чувствата кои се провлекуваат со тоа. Во Пула, станав волонтер во организацијата на македонското малцинство – „Македонски културен форум“ каде ја следев и зедов учевство во работата на самата организација. Додека пак целта на органзиацијата беше да го заштитува, негува и промовира македонскиот идентитет со сите негови елементи и во секој сектор од битисувањето на Македонците таму.

Периодот поминат таму овозможи да соберам информации за негувањето на македонскаа култура во регионот Истра. Менторот, Алдо Климан успеа живописно да ги елаборира сите потребни инфромации кои јас систематски ги собирав во тримесечниот период. Преку нивната организација успеав да стапам во контакт со бројни интелектуалци кои живеат во тој западен регион. Освен официјални одкументи на кои се темелат моите наоди, за кои се надевам ќе бидат објавени во првата прилика, како своевиден труд, членовите на организацијата овозможија личен контакт и споделување на податоци од прва рака. Освен тоа, јас самоиницијативно дадов свој придонес кон тамошната заедница. Во првиот месец, повторно во координација на г-дин Климан, да се промовира документарниот филм „Македонскиот идентитет низ историјата“ во продукција на студентите на факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“. Промоцијата доби одгласи и во медиумите на градот Пула. Со тоа постигнав две цели, промовирање на активноститет на студентите на факултетот кој го застапувам како и Еразмус организацијата која го овозможи сето тоа. Во последниот месец пак, зедов учевство на познатиот фестивал на мултикултурата во организација на истарската жупанија[1]. Таму дадов отчет за причината и работата извршена во изминатито период. Целииот престој беше свечено завршен со моето присутсво на концертот на ансамбалот „Деспина“ кој исто така е дел од организацијата на Македонците во Пула.

Слободното време го исполнував со патување и дружба со останатите Еразмус студенти кои беа дојдени од многу Европски држави. Таквиот контакт овозможува социолошки развојт кој е важна особина од секој зрел човек. Една од најголемите придобивки е унапредување на лингвистичките споспобности во учење и примена на други јазици, странски за нас. Животот пак, поминат во средина различна од онаа во која сум пораснал овозможува стекнување на вештини, зголемувајќи го погледот за многу сфери од животот.


1 жупанија – општина

 

Our Location

Get in Touch