КОНКУРС ЗА ЕРАЗМУС+ МОБИЛНОСТИ 2020/2021
Март, 2020
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го распиша Конкурсот за Еразмус мобилности за академската 2020/2021 година. За студенти, отворени се места за 30 студентски мобилности за студии и 12 за пракса. Можат да конкурираат редовни студенти кои имаат запишано најмалку трет семестар на прв циклус на студии, како и студентите на втор и трет циклус на студии. Потребни документи за аплицирање:
- пополнет образец за студент;
- фотокопија од индекс (Прва страна);
- уверение за
положени испити;
- кратка биографија;
- мотивациско
писмо;
- две препораки од професори/асистенти;
-
потврда за познавање на странски јазик;
- копија од
сертификати.
Отворена е можноста за учество во Еразмус размена и за наставниот и административниот кадар на УГД, и тоа 10 мобилности за наставен кадар и 5 за административен кадар.
Целата документација треба да биде на македонски јазик. Документите се доставуваат лично во Одделението за меѓународна соработка (Кампус 2) или по пошта на адреса:
Универзитет „Гоце Делчев’- Штип
Одделение за меѓународна
соработка (Еразмус +)
(Кампус 2)
Бул. „Крсте Мисирков“
10-А, п. фах 201
2000 Штип, Р. Македонија
Документите што ќе бидат поднесени електронски нема да бидат
разгледувани.
Конкурсот е отворен од 20 февруари до 10
април 2020 година.
За повеќе информации обратете се до
Одделението за Меѓународна соработка (КАМПУС 2) или на
електронските адреси:
sanja.stefanova@ugd.edu.mk или
martina.nikolovska@ugd.edu.mk .