Васко Бургов
Факултетот за образовни науки
Како студент на Факултетот за образовни науки, смер историја, на Универизитетот “Гоце Делчев”- Штип ја имав можноста да бидам дел од Еразмус + програмата за мобилност на студенти. Моето Еразмус + искуство во период од пет месеци го стекнав на филозофскиот факултет на Универзитетот во Осијек, Хрватска. Начинот на студирање во Хрватска е целосно различен од начинот на студирање во Македонија, нивниот јазик, култура и традиција се неисклучив дек од моето незаборавно искуство. Знаењата кои ги добив од областа на историјата се од особено значење за мене, поради тоа што согледав сосема нов начин на студирање.
Студирањето во Хрватска беше вистински предизвик за мене бидејќи предавањата и испитите беа на друг јазик, но исто успеав да го надоградам моето познавање на англискиот јазик, како и да ги надоградам моите знаења во областа на историјата. За еден краток период успеав да се претопам во едно интернационално семејство запознавајки пријатели од различни земји. За мене Еразмус+ беше едно неверојатно искуство, кое со задоволство би го повторил, и би ми го препорачал на сите студентни.