Тања Илиевска
2 година филолошки факултет
Да се биде Еразмус студент е прекрасно чувство. Воедно претставува и незаборавно искуство...
Универзитетот Гоце Делчев за сите заинтересирани студенти нуди прекрасна можност за студирање на универзитети во странство при што се покриени сите трошкови за студирање и е обезбедена стипендија во текот на шест месеци студирање. Јас имав прилика да бидам еразмус студент во Република Турција во градот Бартин при филолошкиот факултет, на катедрата за Турски јазик и литература и можам да кажам дека навистина беше прекрасно чувство. Имав прилика да се сретнам со различна култура, различен начин на живот, разчлична вера и правила на живеење кои ми помогнаа да научам многу нови работи во животот. Исто така ерзмус програмата овозможува да научите нови јазици и да ги усовршите постоечките како и да стекнете многу нови пријатели од целиот свет.Еразмус програмата не претставува само размена на студенти, воодено претставува и размена на нови искуства и стекнување на нови знаења кои помагаат понатаму во текот на животот. Исто така претставува можност да се види како функционира системот на едукација на универзитетите во другите држави по светот. На сите заинтересирани студенти имм препорачувам да се стекнат со вакво искуство и да проживеат една нова авантура...