Стојанчо Стојанов
Правен факултет
Алба Јулија. Мало градче во пределот на Трансилванија, место каде пред точно 100 години Романија настанала каква што ни е позната денес. Областа е преполна со знаменитости, фамозниот замок на Дракула, мали градчиња со душа преполни со студенти, многу од нив интернационални, незаборавни забави но меѓутоа и реномирани професори и универзитети кои се навистина реткост да се слушат и посетат, во други околности. Совршен коктел, баланс на академско надоградувања, социјализирање и впивање на една значајна историја.
Но секако, јас ништо од ова не знаев пред да аплицирам за Еразмус, како што треба и секој студент кој е сеуште неодлучен дали да аплицира и каде. Еразмус е авантура, нешто што брзо се спознава уште од првите денови. Излишно и клише е да навлегувам во моите лични искуства, бидејќи тоа мора да се искуси лично, но да живееш во таква збиена средина на мултикултурализам каде што не постојат предрасуди, боја на кожа или боја на пасош, каде не е битно кои сте биле пред тоа и од каде доаѓате... туку е шанса да се претставите себеси најдобро и во меѓувреме надоградувајќи се како личност, отварајќи се кон нови обичаи, традиции во студентски дом кој блика со позитивност и елан е нешто што го препорачувам на секој студент, за излегување од рутината, конфортната зона но и за различно финкционирање и гледање кон студиите. Бев соочен со различен вид на предавања и полагање испити, нешто со што ќе се сретне секој што сака да продолжи со студирање надвор. Меѓутоа, професорите во Алба ќе ве третираат како колеги, се чувствував слободно и сигурно да прашам што било и ќе наидете само на љубоезност и помош. Не можам помалку да ја препорачам Алба Јулија, како иден правник кон моите идни колеги, но сигурен сум дека впечатокот би бил ист и за другите гранки.
La revedere!