Стојан Атанасовски
Како студент на факултетот за Туризам и Бизнис Логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, имав можност да бидам дел од Еразмус + програмата и да студирам четири месеци на Померијан Универзитетот во Полска.
Лоцирана во самото срце на Европа, Полска е земја со богата историја и уникатна култура. Станува се повеќе популарна за интернационални студенти благодарение на љубезниот и отмен полски народ, светски прочуена полска кујна, како и можноста да добиеш особено квалитетна “историска лекција". Има уникатна архитектура, планински патеки, многу езера и долго крајбрежје. И како плус на сето тоа, патувањето во Полска е доста ефтино.
Таму запознав многу студенти од сите краеви на светот. Тие ми помогнаа да го отворам умот за различни идеи и култури и од нив научив како да ги гледам работите од малку поинква перспектива. Никогаш предходно не сум запознл толку многу луѓе од толку различни земји, како што пружа Ерасмус програмата. Во однос на тамошното образование, Померијан Универзитетот е со 45 годишна традиција, сместен во модерни објекти и со врвно едуциран професорски кадар, нјголемата библиотека во регионот и најразлични форми за развој на интересите на студентите преку научни клубови, организации и сл. Единствен провлем на кој наидов беше јазичната бариера со некој од повозразните професори кои не говореа Англиски. Доколку некој се двоуми дали да аплицира, практично необјасниво е колку извонредна е Ерасмус+ искуството, затоа само храбро, и видете и самите.