Стефанија Ангелова
Филолошки факултет, 4-та година
Да се биде Еразмус+ студент е едно прекрасно и незаборавно искуство. Имајќи ја можноста да студирам еден семестар на универзитетот во Грац, еден од најголемите студентски градови во Австрија, со повеќе од 50 000 студенти кои што доаѓаат секоја година, искусив што значи да се биде интернационален студент во вистинска смисла на зборот. Еразмус+ не е само обична размена на студенти, тоа е размена на студентски искуства, соработка помеѓу два универзитета, помеѓу две земји. Универзитетот во Грац има неверојатно квалитетен кадар, со професори што се секогаш достапни на студентите и пријателски расположени кон нив,и одлична организација на целата програма. Деновите ги минував одејќи на предавања, а после предавањата секогаш имавме собир во паркот што беше дел од кампусот, низ мноштвото други студенти, седејќи во тревата и уживајќи во студентскиот живот. Градот, од друга страна, е доста енергичен, со некој посебен шарм, и има што да понуди за сечиј вкус. Им препорачувам на сите студенти кои размислуваат да се пријават на оваа програма, да ја искористат можноста, без страв да се впуштат во нови авантури, и да се стекнат со непроценливи моменти кои ќе им користат за цел живот.