Панделина Стојкова
Општа медицина, шеста годинаа
Јас сум Панделина Стојкова студент на општа медицина, шеста година на универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип и моето искуство како дел од Еразмус + програмата за размена на студенти е од Ријека, Хрватска. Во Ријека поминав цели три месеци практична настава во „Клинички болнички центар Ријека“ и „Клинички центар Сушак“. Јас сум презадоволна од гостопримливоста, културата, топлината на Хрватскиот народ, а пред се сум фасцинирана од природните убавини кои ги нуди Хрватска. Практичната настава ми помина во најдобар ред и на високо ниво, водена од врвни специјалисти од областа на инфектологија, неврологија и нефрологија, исто така имав несебична поддршка и помош и од специјализантите кои ми помогнаа со совладување на сите работи од нашата област кои се од моја корист и таму со нивна помош ги надоградив моите досегашни знаења и способности, а тоа беше и мојата цел.
Изненадена сум и воодушевена од Еразмус организацијата која им помага на студентите да се здобијат со нови пријателства и дружби, а пред се ни нуди корисни искуства преку кои полесно се надоградуваме како личности. Треба да бидат пример за многу светски организации!