Натали Делипетрова
Факултет за медицински науки, студиска програма општа медицина
Моето Еразмус+ искуство го стекнав во Сплит, Хрватска, каде што имав можност да го надоградам моето практично знаење преку клинички ротации кои ги изведував во клиничкиот центар во Сплит. Привилегијата да се биде дел од 9те милиони успешни Еразмус+ приказни е единствена. Незаменлива прилика која овозможува усовршување како на професионален, во исто време и на личен план. Јас поминав прекрасни пет месеци како Еразмус студент исполнети со нови предизвици, многу патувања, незаборавни искуства, стекнав нови пријателства и им препорачувам на сите студенти кои имаат можност да станат дел од Еразмус+ семејството.