Моника Антова
Филолошкиот факултет, четврта година
Како студент на Филолошкиот факултет, при универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, имав можност да бидам дел од Еразмус+ програмата за размена на студенти. Моето Еразмус + искуство го стекнав на Факултетот за Филологија,Преведување и Комуникација на Универзитетот во Валенсија.
Валенсија е прекрасен град, со прекрасна култура и полн со студенти од цел свет.Град во кој ќе се вљубите благодарејќи на убавите плажи и прекрасната клима.
Студирањето во Шпанија беше вистински предизвик за мене бидејќи согледав еден нов начин на студирање, новите навики и различниот начин на живот се само мал дел од поминатите препреки за постигнување на посакуваната цел.Можам да кажам дека факултетот на кој ја посетував мојата настава нуди одлична можност да се научат многу нови работи, да се зголеми креативноста и мотивираноста на секој студент.
Сметам дека Еразмус + програмата е одлично искуство и им ја препорачувам на сите студенти кои сакаат да искусат мал предизвик за време на своето студирање.