Марија Кондева

Факултет за медицински науки - Општа медицина 5 година

Мојот втор Еразмус + престој го искористив за да поминам прекрасни 6 незаборавни месеци во Ферара, Италија. Се запознав со колеги со кои постојано си помагавме, заедно учевме и излегувавме. Повеќето беа од Италија, но имаше и од Полска, Франција и Шпанија. Честопати си седевме на кафе и си раскажувавме за нашите универзитети, нашите земји и нашата култура. Презадоволна сум од праксата во клиниките која беше на највисоко ниво.

Како Еразмус + студент можам да кажам дека е искуство што секој студент треба да го стекне. Нова средина, во која на почетокот сам треба да се снајдеш, средина во која се е непознато, почнувајќи од Италијанскиот јазик па се до различниот систем. Колегијалноста и дружбата беше неверојатна, стекнување на неочекувани пријателства кои траат засекогаш, како и остварување на желбите за посета на најубавите градови во Италија.

Ова искуство не прави позрели, посамостојни и поснаодливи и многу влијае во целосно оформување на личноста. Пресреќна сум што мојот Универзитет ,,Гоце Делчев” - Штип и Еразмус + програмата ми овозможија Еразмус мобилност.

Our Location

Get in Touch