Каролина Ристовска
Бизнис-Информатика, Скопје, 2 година
Моето 5 месечно Еразмус плус искуство го стекнав на универзитетот “Sveučilište jurja dobrile” во Пула – Хрватска. Да се биде Еразмус студент е едно прекрасно искуство , па мое сваќање е дека местото не толку битно, ама ако сакате да поминете 5 месеци на град на море Пула е одличен избор , се наоѓа во Истарсикот дел од Хрватска , историски град , со прекрасни пејсажи , прекрасен ноќен живот . Мојата почетна цел на Еразмус беше да одам во странство и да стекнам нови вештини и знаења мора да го спомна моете огромно задоволство од начинот на предавање и квалитетот на професорите , темите во предметите , практичната работа , посебно сум задоволна од тое колку професорите се разбирливи и помоагаат на секој можен начин.
За мене Еразмус беше нешто како да имав два животи во исто време, еден овде во Македонија , а другиот во Пула каде првиот ден бев како ново родено 20 годишно бебе оставено само , во непозната средина , со непознати луѓе , дел од нив имајќи ја истата судбина како и јас .
За мене беше интересен фактот како сама , на непознато место , се снајдов , стекнав многу пријатели од најразлични земји и националности , доживеав незаборавни моменти како забави , патувања , дружење , истражувајќи ги прекрасните плажи , искусувајќи ги ладните води на Јадранското море и монгу други моменти .
Единстевно лошо нешто во Еразмус е кога твојот нов 5 месечен живот завршува и мора да се вратиш назад, иако си среќен што после долго време се враќаш дома , таа среќа е толку мала во споредба со тагата што ја чуствуваш , збогувањто со товите нови пријатлеи ,со твојот нов дом , со твојот нов град , со твојот нов живот.... Се што е добро кратко трае :D
После еразмус се вратив созреана , бала бла , со желба за напредок ,и да достигнувам нови предизвици.....