Ивана Рамбабова
Студент на Општа медицина, 4 година
Мојата мобилност од 6 месеци преку Еразмус + ја поминав студирајќи на факултетот за Медицински науки на Универзитетот “Comenius„ во Братислава, Република Словачка.
Ова искуство топло го препорачувам на сите оние студенти кои сакаат да се запознаат со начинот на студии во Европските држави и да стекнат нови знаења кои понатаму ќе им послужат во натамошните студии, а за неколку години и како млади лекари.
Иако заминувањето на размена на студенти во странство кај многу буди чувство на несигурност и страв, Универзитетот во Братислава беше секогаш тука за да ни ги разјасни сите процедури кои како странски студенти ни беа нејасни и во секое време беа подготвени за соработка и помош.
Образовниот дел заедно со професорите нуди големи можности да се научат и пробаат нови работи како и присуство и асистирање на одредени случаи.
Братислава, од друга страна претставува студентски град со посебен дух, каде постојано нешто се случува и може вашето Еразмус искуство да го направи незаборавно!