Фросина Герасимова
Турски јазик и книжевност, 4 година
Драго ми е што аплицирав за Еразмус+. Да се биде Еразмус+ студент е едно прекрасно и незаборавно искуство. Мојата мобилност траеше 5 месеци. Студирав на Универзитетот “Bartın„ во Бартин, Република Турција.
Денот кога тргнав кон Турција, бев навистина нервозна и под стрес поради фактот што немав никаква идеја за градот, факултетот и професорите кои ќе ги сретнам. Но после првата недела, се навикнав на животот таму. На факултетот за Турски јазик и книжевност ние бевме први Еразмус студенти. Редовните студенти во Бартин ни помогнаа многу, бевме заедно секој ден. Професорите беа доста пријателски настроени и достапни за секој студент.
За крај, како Еразмус студент уживав во Бартин. Многу пријатели, многу информации, огромно искуство. Сите студенти кои размислуваат да се пријават на оваа програма, да ја искористат можноста, без страв да се впуштат во нови авантури, и да се стекнат со непроценливи моменти кои ќе им користат за цел живот.