Емилијан Јусуфовски
Факултет за медицински науки
Како студент на Факултетот за медицински науки на смер општа медицина при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип, кој нуди можности без граници во полето на медицината уште од мојата прва година гледав како некои од повозрасните колеги заминуваат во други земји за стекнување на дополнитено знаење и искуство преку програмата Еразмус + . Така и јас бев решен да го направам истото но во поголемите години од моето студирање. Одлуката за аплицирање во центарот на Еразмус + ја донесов во мојата шестта година каде со тројца од моите колеги се одлучивме да заминиме во Хрватска во градот Ријека. Нашата цел на размената за студенти во таа држава беше унапредување на нашето знаење, стекнување на нови вештини и стекнување на самодоверба гледајќи ги евопските норми и прописи кои важат таму како и многуте контакти и пријатели кои ги запознавме.
Нашето барање беше одобрено од нашиот Еразмус + центар и со тоа поминавме 3 месеци во Клиничкиот болнички ценар – Ријека. Времето поминато и искуството стекнато таму беше феноменално. Студирањето и праксата стекнати во Хрватска ми донесоја една нова преспектива за живеењето и студирањето во странство како и животот надвор од нашите граници. Да би имал повторно прилика и можност повторно би аплицирал и би отишол на уште едено Еразмус + искуство и би му го препорачал на сите студенти да го направат истото.