Елена Ѓурчиноска

Физиотерапевт

Kaко дипломиран физиотерапевт ,при Универзитето „Гоце Делчев“-Штип , имав можност да бидам дел од Еразмус+ програмата за обавување на мојот стаж во „Тракискиот Универзитет“- Стара Загора, Република Бугарија. Искуство кое може да се исцрпи од едни високо квалификувани професори, кои работат со најсоверемена апаратура за физикална терапија, кои несебично ми ги пренесоа нивните знаења и вештини ,а со тоа ми помогна да созреам на моето професионално ниво.

Должам едно огромно „благодарам“ за пациентите кои дозволија да им помогнам во опоравувањето со моето неколку месечно искуство.

Иако размената на студенти во друга држава изгледа како голем предизвик полн со пречки и стравови, јас успеав да го победам тој предизвик благодарение на пријателствата што ги стекнав со студентите од најразлични држави, во тој период сите студенти бевме сплотени како секој од нас да доаѓаше од ист град, имав чувство како секој од нив да го познавам со години и верувам дека вечно ќе се сеќавам на секој од нив и на спомените од убавиот град со долгитеи прави улици, што не дозволија ниту еден ден да се чувствувам како странец.

Our Location

Get in Touch