Ангела Димитриоска
Студент на Општа медицина, 5та година
Моето Еразмус искуство беше во Осијек, Хрватска, каде поминав 6 месеци на факултетот за Медицински науки при Универзитетот Josip Juraj Strossmayer. Се што можам да кажам е тоа дека беше прекрасно, запознав прекрасни луѓе, нови култури, и топло го препорачувам на сите оние кои размислуваат за вакво искуство. Факултетот за Медицински науки нуди прекрасна пракса и стекнување на нови знаења кои ги стекнав благодарение на професорите и докторите кои секогаш беа тука за нас и со задоволство ни помагаа и подучуваа.
А Осијек, градот на реката Драва е посебна приказна за себе. Од една страна имате едноставен живот, а од другата страна имате студетски живот, каде има секакви активности и места на кои треба да се биде, и секогаш се случува нешто ново.
И за крај можам да кажам дека за краток период станав дел на големото Еразмус семејство,и тоа беше искуство кое беше незаборавно.