Ангела Алексовска
Oпшта медицина
Како студент во шеста година, на општа медицина, можам слободно да кажам дека успеав да ја зграпчам последната шанса, за неочкувано прекрасно Еразмус + искуство. Стручната пракса, која е во програмата за последната година студии на општа медицина, ја спроведов заедно со моја колешка во клиничкиот центар во Сплит, благодарение на можностите кои ги нуди Еразмус програмата.
Тргнувајќи од современите здравствени услови кои ги нуди Хрватска, прекрасните природни убавини на оваа земја, па се до стекнување на пријателства со палета на сосема различни и нови личности, ова, на почеток малку застрашувачко искуство, се претвори во најубавото искуство кое ме промени мене како личност, и го промени начинот на кој денес гледам кон светот и кон можностите што ни ги нуди.
Секојдневното учење на нови вештини за работа од областа на медицина, ќе биде од голема корист за мене како доктор во иднина. Стекнатите пријателства со личности од различни култури и нации ми овозможи да ги проширам сопствените хоризонти, а воедно да ги запознаам и другите со нашата приказна.
Петте месеци поминати во Сплит, ме збогатија со нови пријателства, авантури, искуства и знаења за кои човек верува дека се стекнуваат со тек на години.
Топло го препорачувам ова искуство на сите студенти кои се спремни за предизвик, бидејќи можностите кои ги нуди Еразмус + програмата може да се сумираат во една реченица – приказна за паметење.