Андреј Петрушевски
студент на Стоматолошки факултет
Како студент на Стоматолошки факултет при Универзитетот ,,Гоце Делчев“ во Штип, имав можност по втор пат да бидам дел од оваа Еразмус+ програма. Сегашното мое искуство го стекнав при Универзитетот ,,Insubria” во Варезе, Италија.
Што всушност претставува оваа Еразмус + програма?
Тоа е една голема фамилија на пријателства од најразлични земји кои стануваат дел од твојот живот како потсетник дека каде и да заминеш ќе бидеш добредојден во топол дом. Од друга страна пак се запознаваш со разновидната култура, начинот на живот како и можност за учење на странски јазици.
Самиот стоматолошки факултет беше опремен со секаков вид на најнови технологии, како и курсеви за учење на најразлични техники и применување на истите. Со самата соработка со пациентите, во која се имаше применувано гранките од типот: Дентална имплантологија, Орална хирургија, Клиничка ендодонција, Фиксна протетика вклучувајќи ја и Максило- фацијалната хирургија со кои стекнав огромно искуство за мојата понатамошна работа во која и понатаму ќе се надоградувам и се надевам дека истата ќе ми биде од голема корист во иднина.
Неделното одржување на симпозиумите за најнови технологии беше една рутина која секој од студентите ја имаше стекнато, се со цел да се прошири сопственото познавање за самата Стоматологија.
Еразмус програмата потребно е да биде доста применувана дури и задолжително гледано од мој аспект да биде дел од секој студент и да има можност да ги примени сите понуди што се дадени од оваа одлична програма, поради тоа и оддавам ограмна препорака на сите студенти да бидат дел од овој краткотраен, интересен, примамлив инсерт од својот живот.