Александар Давков
Факултет за информатика
Како студент на Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип имав можност да го доживеам најдоброто искуство и да поминам еден семестар во Португалија на Универзитетот - Polytechnic of Porto . Преку Еразмус+ програмата јас успеав да запознаам нови пријатели од целиот свет и да стекнам нови искуства во мојот живот што понатаму многу ќе ми придонесат за развој на мојот личен карактер. Португалија е земја во која што секој поминат момент е исполнет со многу забава и пријатели. Наставата беше на Англиски јазик и професорите се трудеа да ми помогнат и објаснат се што е во нивна можност. Откако завршив со наставата се преселив во Порто и таму животот беше сосема различен од Фелгуеирас каде што се наоѓаше кампусот. Порто е град кој никогаш не спие, забави до раните утрински часови и секојдневна средба со нови луѓе од целиот свет. На секого би му препорачал да го посети овој прекрасен град и да го доживее најдоброто од него, после неколку месеци живот во него едноставно неможеш да се одделиш од прекрасниот град.
На сите студенти кој што имаат можност им препорачувам да бидат дел од Еразмус+ размената.