Александар Ананијев
Факултет за медицински науки, општа медицина
Првите три месеци од единаесетти семестар, пореку Еразмус + програмата ги поминав во Ријека, Хрватска. За мене тие три месеци беа едно прекрасно искуство кое вечно ќе го паметам. Благодарен сум на Еразмус+ што ми овозможија да бидам дел од едно такво прекрасно искуство. Јас ја обавував праксата на клиниката за неврологија, инфектологија и нефрологија при клиничкиот центар во Ријека, Хрватска. Тоа беа денови исполнети со едукација, практична работа, но не недостасуваше и размена на искуства и дружење. Таму запознав многу пријатели од различни националности, а градот и луѓето кои живеат таму беа пријателски настроени кон сите нас. Кристално чистиот Јадран, ријечката ривиера, и прекрасните градби ме оставија без здив. Се беше толку прекрасно што посакав да останам подолго. Докторите и другиот медицински персонал на клиниките беа секогаш расположени да ми одговорат на сите мои прашања и не себично да го споделат своето знаење со мене.
Им препорачувам на сите студенти кои сакаат да поминат дел од својот студиум во странство тоа да го направат преку Еразмус+ бидејќи навистина е едно прекрасно искуство кое вечно се памети.