Тодорка Јордановска
студент на ФМН
Моето Еразмус искуство го стекнав во Брно, Чешка, на Медицинскиот факултет при Универзитетот Масарик.
Пристигнав рано во септември и уште од првиот момент се заљубив во градот, Топла и меѓународна атмосфера, пабови полни со пријателски луѓе, веднаш знаев дека ова ќе биде едно од најдобрите искуства што сум ги имала до сега.
Општо познато е за студентите на медицина и за нивниот глад за знаење па тоа важи и за мене. Медицинскиот факултет при Универзитетот Масарик во Брно ги прошири моите знаења и хоризонти. Секојдневната пракса, работа со пациенти, совладувањето на современите дијагностички и терапевски процедури беа секојдневно задоволство.
Освен забавите, навистина уживав во настаните и конференциите што се одвиваа во текот на семестарот.Запознав многу студенти од сите делови на светот. Тие ми помогнаа да го отворам умот, споделувајќи различни идеи и култури и од нив научив како да ги гледам работите од друга перспектива.
Она што најмногу го сакам во Брно е фактот дека лесно може да се навикнеш на овој град и никогаш не може да ти биде досадно. Богата култура , архитектура која ти го одзема здивот од восхит , фестивали, саеми, божиќни маркети и прослави ...
Никогаш нема да го заборавам ова искуство и пријателите што ги стекнав за време на мојот престој и затоа им препорачувам на сите студенти без размислување да ја искористат приликата и да уживаат во можностите на Еразмус програмата.