Симона Гаштарова
Електротехнички факултет
Да, буквално еден огромен ролеркостер од емоции и доживувања, така би можела да го опишам Еразмус + искуството кое целосно ми го промени животот. Велат дека забавната страна на светот може да види само надвор од нашата комфорт зона, и така е. Еразмус е едно прекрасно доживување чии можности треба да ги искористи секој студент. Студирањето, дружењето и целосно, животот на страна ве гради како личност, се множат пријателствата од ширум цел свет, се собира знаењето и искуството, се дели бескрајната среќа а со сето тоа, се одзема секој знак на тага и анксиозност кои се присутни и не демнат во тешките денови и се губат низ водите кои се надоградуваме.
Како студент на Електротехнички факултет при Универзитетот “Гоце Делчев”, во Штип, имав можност да бидам дел од мобилноста на Универзитетот “Universidad Politécnica de Cartagena” во Шпанија. Покрај можноста да се едуцирам на повисоко ниво со многу добар кадар и да стекнам незаменливо знаење, ова искуство за мене беше и проширување на хоризонтот низ кој гледам. Самиот живот во колоритниот свет на Шпанија, секојдневното сонце, пливањето во морските пространства, ноќниот живот, трчање по улиците со бикови по фестивали, големината на културата, убавината и значењето на шпанските знаменитости направија ва за мене биде најдобрата авантура во мојот живот.
Топло им препорачувам на сите студенти без страв за запливаат во водите на овие незаборавни доживувања. Секако, најтешкиот дел беше да се збогуваме, но сето тоа е само еден нов почеток за нас и за авантуристот кој ќе се разбуди и ќе ни биде двигател по нашата се yште неоткриена патека.