Петар Стефанович
студент на ФТБЛ
Би рекол дека ова беше моето најдолго лето до сега. Се одлучив да идам на Еразмус плус размена, затоа што сакав да видам како е да се живее и студира во друга држава. Отсекогаш сум сакал да ширам познанства со луѓе од цел свет па ова го видов како добра прилика да се пријавам на програмата.
Студент сум на Факултетот за туризам и бизнис логистика, и мојот четврти семестар го поминав на факултетот Escola Superior de Hotelaria e Turismo do Estoril ESHTE. Студирањето на овој факултет беше повеќе практично, но имаше и предмети кои што бараа да се учи теорија. Некои предмети ги учевме и слушавме на Англиски јазик, а некои на Португалски, но сите предмети ги полагавме на Англиски јазик. За мене студирањето на овој факултет беше едно од најдобрите искуства што сум ги имал за време на моите студии.
Еразмус ми ги отвори очите за светот надвор. Секогаш ќе ја памтам оваа размена. Би ги советувал сите кои што сакаат да се пријават на Еразмус да не мислат два пати и веднаш да го сторат тоа. Го препорачувам овој факултет на сите студенти кои што студираат на ФТБЛ.