Петар Пеливаноски
Факултет за медицински науки
Студент сум на Факултет за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип и да бидам искрен сеуште не знам како се вклучив во ова неверојатно искуство наречено Еразмус+ програма. Одеднаш, се впуштив во една нова, непозната атмосфера која ја создадоа студентите и општеството на преубавиот студентски град Ферара, Италија. Ако некогаш имате можност да го посетите овој мал италијански град, се што ви е потребно е велосипед за да можете даги откриете двете лица на градот: средновековниот, со своите тесни улички и бројни кафулиња и ренесансансниот познат по својата L’ddizione Erculea. Зошто со велосипед? Бидејќи Ферара е позната по ова транспортно средство со чија помош ќе ја доживеете на еден автентичен и уникатен начин. Имав можност да запознаам и комуницирам со многу нови луѓе и колеги ширум светот. Запознав луѓе кои станаа мои добри пријатели, посетив многу места во близина на Ферара, го осетив вкусот на италијанските специјалитети и што е набитно, видов еден поразличен начин на живеење кој ми се допадна и ги промени моите секојдневни навики. Се што можам да напишам за факултетот е стекнување на одлични знаења и вештини од областа на медицината. Предавања, вежби и пракса од врни професори кои ни посветија целосно внимание и на најдобар можен начин ни го пренесоа нивното знаење и искуство.
Колку и да пишувам не можам да ви го доловам искуството кое ви го нуди Еразмус + програмата.На сите студенти кои сакаат размислуваат да станат дел од фамилијата наречена Еразмус би им препорачал:Зграпчете ја можноста која ви дава светско знаење и ве конектира со луѓе од целиот свет.
La vita E Bella!!!