Нина Димевска
Факултет по медицински науки, 5 година
Како студент на Факултетот за медицински науки приУниверизитетот “ГоцеДелчев”- Штип ја имав можноста да бидам дел од Еразмус + програмата.МоетоЕразмус + искуство во период од еден семестар го стекнав на медицинскиот факултетна Универзитетотво Пловдив,Р.Бугарија.
На Универзитетот бев редовен студент, ги посетував предавањата и вежбите и на тој начин во целост осознав што значи да се биде студент на еден современ европски универзитет како што е универизтетот во Пловдив. Начинот на изведување на вежбите и предавањата ми остави огромен впечаток, но она за што сум посебно благодарна е што имав можност да соработувам и учам од професори и асистенти кои се врвни во сверата на стоматологијата и дадваат се од себе за да го пренесат своето знаење и од своите студентите да создатат вистински професионалци. Вежбитеми помогнаа да ги применам своите знаења, да го усовршам односот со пациентите, но и да научам како да се справувам со компликации и да работам под притисок што во вистинска смисла на зборот ми овозможи да почувстувавам како е да се работи со пациент.Како предавањата така и работата со пациентитеима значење во формирање на идните лекари по дентална медицина, затоа знаењето и способностите кои ги стекнав за тие шест месеци ќе ми се од огромна корист во понатамошните студии .
Еразмус+ програмата ни дава можност да стекнеме пред се едно големо животно искуство да се усовршуваме како на професионален така и како личности. Личности кои се љубители на патувања и возбудливи авантури не треба да се двоумат, бидејќи на оваа програма со сигурност ќе запознаат многу пријатели, разни култури и нови знаења.
Еразмус+искуството е нешто кое секојстудент би требало да го искуси во текот на своите студи и за тоа што тоа се моменти кои никогаш не се забораваат.Доколку имам можност повторно би била дел од оваа програма и истата топло ви ја препорачувам и вам.