Никола Крстев

Факултет за информатика

Еразмус размената е едно од најубавите искуства кои може да се доживеат. Без разлика на насоката на студиите и семестарот, еразмус е нешто што најтопло им го препорачувам на сите.

Како студент на Факултетот по информатика, имав шанса да го поминам мојот шести семестар во универзитетот „Стефан Чел Маре“ во Сучава, Романија. Таму имав шанса да научам за една поинаква култура, да ги променам моите секојдневни рутини и во целост да излезам од сопствената комфорт зона. Успеав и да добијам стручни знаења и вештини кои се малку потешко достапни поради технички причини на нашиот универзитет. Стекнав и развив пријателства не само низ цела Европа, туку и пошироко низ светот. Се на се, Еразмус беше одлично искуство и посакувам цел живот да беше како еразмус.

Our Location

Get in Touch