Моника Спасова
студент на ФМН
После едно неверојатно Еразмус искуство си велиш нема шанси да биде исто пак. Си мислиш, ќе биде забавно, но никогаш нема да биде како првото, зарем не? Тоа секогаш ќе биде посебно. Но погодете што? Може да биде уште подобро!
103 денови исполнети со толку многу љубов, радости и спомени да се напишат десетици мемоари. Онаа што ‘’Collegium Medicum Nicolaus Copernicus’’ ми дозволи да искусам беше надвор од сите мои очекувања. Големо академско искуство, прекрасни ментори, но најважно од се најдобрата и најуникатната фамилија што постои. Италијанска паста, Португалска франчесиња, Турски колачи, Романски песни и Полска водка. Не можев да побарам повеќе.
За тие 103 денови блаженство. За се што научив, за сите спомени, за тоа што бев дел од нешто поголемо. За сето тоа на крај ќе кажам Dziękuję bardzo!