Давид Јованоски
Факултет за медицински науки – Општа медицина
Од секогаш сакав да патувам, да научам и искусам различни култури, јазици, да запознаам луѓе од различни земји. Кога разбрав за можноста што ја нуди Еразмус+ програмата знаев дека ќе ја искористам таа можност. Изминатиот летен семестар го поминав на Медицинскиот факултет во Храдец Кралове, при Карловиот универзитет во Република Чешка.
Чешка одсекогаш била една од земјите кои сакам да ги посетам, но не очекував дека би престојувал 5 месеци, во кои времето поминато таму беше големо искуство за мене. Храдец Кралове е помал студентски град , каде што има многу интернационални студенти поради можноста за студирање на Англиски јазик. Запознав многу различни луѓе, колеги од различни земји ширум светот со кои зградив добри пријателства. Научив за многу различни култури, посетив многу места во Чешка, видов многу поразличен начин на живеење, од што се промени многу во мојот живот. За факултетот се што ќе напишам е малку, одлични предавања и вежби, професори, асистенти, демонстартори кои обрнуваа внимание на секој студент, и не не научија ништо помалку од редовните студенти. Стекнав многу знаење и вештини од областа на медицина.
Би му препорачал на секој студент кој сака да патува, го интересираат различни култури и секако сака да учи во странство, да не ја пропушта шансата која ја нуди Еразмус+ програмата за студирање во странство, со која нема да биде разочаран.