Ана Глигорова
Студент на ФМН
Сакам патувања и запознавање на други земји и луѓе. И затоа, кога дознав дека преку Еразмус+ програмата, ќе можам да посетувам предавања и вежби во друга држава, бев воодушевена. Го избрав Фармацевтскиот факултет во Софија, поминав два семестри таму, студирав на англиски, и не погрешив. Професорите и асистентите беа многу љубезни и секогаш спремни да помогнат. Теоријата ни ја збогатуваа со лабораториски вежби, за време на кои уживав и научив многу. Голем факултет и огромен Студентски град. Запознав многу колеги од разни држави и ја запознав Софија со сите нејзини убавини. Прекрасно искуство и сеќавања кои ќе ги паметам целиот живот. Благодарна сум на Еразмус+ за можноста еден дел од студирањето да го поминам во друга држава и да стекнам за мене нови искуства.
Им препорачувам на колешките и колегите, кои имаат желба за нови искуства, да ја искористат шансата, која ја нуди Еразмус+.