Александар Неделковски
ФТБЛ - Хотелско Ресторанска Насока
Мојата Ерасмус + приказна се одвиваше во сончевиот Есторил во ESHTE во Португалија. Како студент на факултетот за Туризам и Бизнис Логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Скопје на смерот Хотелско Ресторанска Насока имав прилика во тие 4 месеци да го проширам моето знаење во кулинарството особено во делот на Европска Кујна и пекарство и да го пренесам моето знаење од Македонската кујна. Професорите и студентите беа од многу голема помош и многу ми помогнаа со учењето нжи усовршувањето на Португалскиот јазик.
Факултетот се наоѓаше на рид и имаше прекрасен поглед кон океанот каде што секојдневно уживав во утринското кафе со студентите на факултетот. Во ESHTE запознав студенти од Бразил, Америка, Германија, Чешка и Украина со кои учевме во библиотека на Факултетот во која има многу книги за кулинарството и менаџмент на хотели и ресторани. Ако планирате да го поминете вашиот семестар и да го проширите вашето знаење во светот на Кулинарството Факултетот ESHTE е вистинскиот факултет за вас.