УГД учествуваше на Интернационална Еразмус+ недела во Франција
December, 2018 y.
Претставник од одделението за меѓународна соработка, м-р Мартина Николовска – Крстевска учествуваше на Интернационалната недела во рамки на програмата Еразмус+ која се одржа во на Универзитетот Гренобл во Валанс, Франција во периодот од 3 до 7 декември 2018 година.
За време на овој престој, УГД ги презентираше своите студиски програми, програмата Еразмус+ и можностите кои УГД ги нуди на странските студенти и професори.
Оваа интернационална недела беше уште една убава можност за проширување на мрежата на Универзитети од Европа со кои УГД соработува, како и можност за привлекување на што поголем број странски студенти кои би поминале еден семестар од нивните студии на УГД.
Како резултат од посетата, УГД веќе е во постапка на склучување на договори со Универзитети од Германија, Франција, Полска, Италија и Португалија кои беа учесници во оваа седма по ред интернационална недела на Универзитетот во Гренобл.