Златка Митревска, Факултет за информатика
4-та година
Студент сум на факултетот за Информатика, при Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Преку програмата за размена на студенти Еразмус+, шестиот семестар од студиите студирав на Љубљанскиот Универзитет во Словенија. За мене, а верувам и за сите студенти кои биле дел од програмата Еразмус+, ова беше можност да го презентирам УГД во Словенија, а воедно и да го пренесам искуството од тамошниот Универзитет во Штип. Запознав нови луѓе, доживеав нови животни искуства и ги проширив хоризонтите за надградба на моето образование во информатиката. Во секој момент кога ќе се сетам на семестарот поминат во Љубљана гледам студенти-пријатели од целот свет, професори кои своето знаење несебично го даваа на секој од нас и систем на образование кој ти дава можност да го достигнеш максимумот во областа во која си насочен.
Ако на почетокот Еразмус+ беше само љубопитност, сега е потреба за уште еден предизвик и искуство кое гарантира успех. Моја порака до сите студенти е да бидат дел од програмата Еразмус+ и да осознаат и доживеат неповторливи искуства