Васил Костадиновски - Земјоделски факултет
2016/2017 Учебна година
Моето Еразмус + искуство го стекнав на Универзитетот во Милано , 4 неверојатни и незаборавни месеци, искуство кое секој треба да го доживее барем еднаш во својот живот. Оваа прекрасна земја е исполнета со убавини и прекрасни места кои беа мој дом и мое секојдневие. Ова искуство ми даде многу поголема самодоверба, ме научи на многу нови работи. Запознав нови студенти со кои се дружевме, учевме, патувавме.
Имав перубави моменти во студентскиот дом, во факултетот, на Плоштадот Duomo,Colonne di San Lorenzo,Navigli, и на многу други места кои ќе останат во моето сеќавање.
Навистина сум среќен што ја имав таа можност да бидам Еразмус + студент и тоа што на почетокот изгледаше невозможно, тешко и непредвидливо се претвори во еден прекрасен предизвик и реалност. Еднаш Еразмус, секогаш Еразмус.