Тања Димова, Технолошко-технички факултет

4-та година

Како еразмус + студент одбрав да го поминам мојот летен семестар во Романија, на факултетот за дизајн и уметност во Клуж. Ова еразмус искуство за мене претаставуваше четири месечен предизвик за да го надоградам моете образование, да склопам нови пријателства со млади ширум светот и да се дооформам како една зрела личност. За делот за образование можам да кажам дека факултетот на кој ја посетував мојата настава нуди одлична можност да се научат многу нови работи, да се зголеми креативноста и мотивираноста на секој студент. Поголемиот дел од наставата се одвиваше практично, односот со професорите повеќе беше пријателски одколку професионален, секогаш подготвени за соработка и помош.

Што се однесува на делот за забава, Клуж како студентски град е место кое никогаш не спие, град во кој секогаш се случува нешто.Почнувајќи од секаков тип на изложби и саеми, концерти, кино на отворено, логорувања,планинарења, организирани студентски екскурзии, продолжувајќи со Day dreaming забави, тематски забави и журки до раните утрински часови, Клуж е место кое никогаш нема да дозволи човек да се досадува. Јас поминав прекрасни четири месеци како еразмус студент и препорачувам на сите кои се спремни за нови предизвици да ја прифатат оваа еразмус авантура и да создадат волшебни сеќавања за цел живот.

Our Location

Get in Touch