Светлана Настева, ФТБЛ
2016/2017 Учебна година
Шестиот семестар го поминав во Литванија, Утена на Utenos Kolegija, како еразмус+ студент на катедрата за бизнис и менаџмент. Поминав и положив 8 предмети. Учествував на неколку работилници одржани од страна на факултетот во Утена, а исто така и на работилница одржана за сите Еразмус+ студенти во Литванија. Литванија е прекрасна земја која иако е мала и се уште во развој нуди големи предности за студентите, кои за жал ние овде немаме ни половина од нив. Образовниот систем се разликува од нашиот по тоа што таму еден студент поголемиот дел од образовниот процес го поминува во пракса и подготовка за тоа како би требало да се одвиваат работите кога во реалност еден би работел на позицијата за која ќе дипломира. Многу повеќе се дава до значење на проектните задачи, односно самостојното истражување од страна на студентот и давање конкретни и самостојни заклучоци, што всушност студентот мисли за прашањето за кое истражувал. Како дел од оваа програма јас можам за себе да кажам дека имав и имам само предности и многу нови искуства и пријателства.