Стефанија Величковска

Уште од почетокот на моето студирање ори универзитетот Гоце Делчев (факултет за информатика) размислував за тоа да ја искористам можноста која ја нуди Еразмус+ програмата, дел од моите студии да го поминам во друга држава. Конечно, после многу размислување и разгледување на сите опции каде што можев да одам, одлучив во втора година (четврт семестар) да студирам на универзитетот Kazimierz Wielki во Бидгошч, Полска. Еден од најбитните фактори при донесување на одлуката ми беа предметите кои секој универзитет ги нуди на англиски јазик, во Бидгошч имав најмногу предмети кои се совладаа и кои би ми биле признати и на нашиот универзитет, што е многу олеснително.

Мислам дека не можев да одберам подобро. Многу сум задоволна од мојот престој таму, се запознав со многу луѓе од разни држави, националности и религии. Сите еразмус студенти бевме сместени во студентски дом, на ист спрат, што придонесе за побрзо да се запознаеме и здружиме.

Моето секојдневие беше многу поразлично од овде, секој ден учев по нешто ново од различни култури, а истовремено и јас ја споделува нашата култура, сите бевме љубопитни во таа област. Ден по ден станавме едно големо еразмус семејство, патувавме заедно, ја истражувавме Полска, а и блиските градови од други држави, поминавме низ многу авантури, создадовме прекрасни спомени и трајни пријателства.

Се стекнав и со нови знаења од областа на информатиката, предавањата беа поефективни бидејќи бевме само неколку души кои сме ги избрале тие предмети, па беа речиси како приватни часови. Таму универзитетот располага со повеќе простор, поголеми и по опремени лаборатории, од кои дел и ние користевме.

Секому би препорачала да ја искористи оваа шанса додека сѐ уште може, да не се двоуми ни за момент. Исполнете го вашиот живот со незаборавни доживувања кои може да ги стекнете само со оваа програма.

Our Location

Get in Touch