Стефан Постолов, Електротехнички факултет
3 та година
Како студент на Електротехничкиот факултет, при универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, имав можност да бидам дел од Еразмус+ програмата за размена на студенти. Ја искористив можноста и одбрав да студирам еден летен семестар на Политехничкиот универзитет во Картагена, Шпанија.
Начинот на живот кој го живее еден Еразмус+ студент не може да се опише сѐ додека не се доживее. Постојаната интеракција со студенти од различни европски земји, комуникацијата со професори и колеги на универзитет целосно различен од твојот, комуникацијата со соседите кои иако не можете да се разберете ниту збор сепак се трудат да ви покажат почит и да ве отпоздрават секое утро, пријателствата кои остануваат засекогаш, забавите, патувањата, авантурите, миксот на различни култури и сфаќања, балансот помеѓу знаењата и вештините стекнати во лабораториите на универзитетот и знаењата и вештините стекнати преку неформално образование, како и самиот факт што си илјадници километри оддалечен од секојдневната рамка на живот, можат да го променат животот на еден студент на начин на кој што не може ни да замисли.
Искрено им препорачувам на сите студенти, кои имаат можност, да бидат дел од Еразмус+ размената на студенти.