Стефан Коцев, Студент на општа медицина
Мозаикот на студентските денови е олицетворение на колоритетот на животот. Сега ја имам можноста да потенцирам сегмент од мојот студентски маратон и со огромно задоволство, чест и гордост, му ја предавам апсолутната власт на мојот Еразмус + период, со силна волја и надеж дека во иднина ќе испишам нова страница во мојата Еразмус + историја. Уште не завршен со првото искуство, веќе размислувам на наредно. Луѓето за кои помислив дека ќе бидат случајни минувачи на мојот животен пат, што всушност и беа на самиот почеток, се трансформираа во круцијални улоги кои оставија вечен отепчаток. Со тоа можат да се пофалат и универзитетот кој безусловно ми ги понуди сите услови како на свој студент, сите луѓе со кои контактирав во рамките на универзитетот ми го приредија најубавото добредојде, а воедно и престој. Студентскиот дом кој прерасна во мој вистински дом, а и љубовта која мене и Пловдив не’ направи совршен пар. Нема да должам, топло ви го препорачувам.