Симона Николовска, Општа медицина
5-та година
Јас сум 5та година студент по медицина. Еразмус никогаш не беше дел од мојот студиски план. Јас искрено сè уште не знам како се вклучив во ова неверојатно искуство. Претпоставувам дека тоа беше некаква судбина, и се чувствувам толку привилегирано што ја зграпчив оваа можност со двете раце! Се се случи многу бргу добив потврдено место на Универзитетот во Бидгошч во Полска ‘’Никола Коперник’’, резервирав билет за Полска, и заминав. Од тој момент сфатив дека ова ќе биде еден од најголемите предизвици со кои некогаш сум се соочила. Беше тешко на почетокот бидејќи заминав сама, но сепак од друга страна беше возбудливо со помислата дека сум на ново место и дека ќе бидам странски студент еден семестар во друга земја каде што се зборува сосема друг јазик.
Тоа беше дефинитивно голем предизвик за мене да се помине низ првите недели, но научив толку многу за себе и исто така ми помогна да се развивам на толку многу начини. Никогаш не помислив дека ќе можам сама да ги совладам овие предизвици. Сега можам да ја видам како крива на учење во мојот живот, како и апсолутно фантастичен предизвик кој го ценев и сакав секоја минута.
Еразмус ми даде можност да научам повеќе за Полската култура, да живеам во прекрасниот град Бидгошч, а исто така ми помогна да се запознаам и да комуницирам со луѓе кои за кратко време станаа мои пријатели и дел од моето Еразмус семејство во тек на неколкуте месеци коишто бев таму!
Топло го препорачувам Еразмус за секој студент кој што има можност да замине во некоја од Европските држави, бидејќи тоа искуство останува за паметење.