Сенад Ковачевиќ
Факултет за медицински науки
Студент сум на Дентална медицина при Универзитетот " Гоце Делчев" - Штип. За мојот Еразмус + престој ја одбрав Романија, Јаш на универзитетот "Grigore T. Popa" за медицински и фармацевтски науки. Во моето Еразмус + искуство се сретнав со повеќе позитивни работи што ќе останат во моето сеќавање и имаат големо значење понатаму во животот. Стекнуваш нови знаења и запознаваш пријатели што ќе ти останат цел живот. Научив и видов нови начини на учење и работа што се многу корисни кои ќе ми служат понатаму во мојата пракса. Како што велат сите секој почеток е тежок но потоа се прилагодуваш и несвесно дошол самиот крај на Еразмус + престојот со што ги памтиш сите добри работи и се раѓа желба за повторно пријавување и повторно пред тебе стои еден голем предизвик.
Генерално едно одлично искуство што би препорачал сите да се пријават и да го искусат бидејќи има одлични услови и ваквите шанси се ретки и мора да се искористат.