Моника Спасова
Факултет за медицински науки
Денови исполнети со смеа, нови активности, нови луѓе, нови спомени. Еразмус + за мене ги отвори вратите во свет којшто никогаш не претпоставував дека постои. Искуство преку кое ќе ги предизвикате вашите ставови, мислења, ќе ги прекршите сите предрасуди . Овие пет месеци поминати во Романија беа незаменливи. Луѓето кои ги запознав ме направија да се чувствувам како дел од едно мултинационално семејство.
Како студент на размена при Универзитетот ‘’Titu Maiorescu’’ имав можност да се соочам со предизвикот да се студира во друга земја, на друг јазик и друг начин на студирање. Ова ми овозможи да ги согледат предностите и недостатоците на образовниот систем при двата Универзитети. Интеракциите помеѓу професорите, а и самите студенти ми помогна да бидам потолерантна кон вредностите и однесувањата на другите луѓе, повеќе отворена и љубопитна за нови предизвици и способна да најдам решенија кога сум соочена со проблеми..
Би сакала да им препорачам на сите студенти кои имаат можност, да бидат дел од Еразмус семејството. И како што вели поговорката: Еднаш Еразмус, Секогаш Еразмус!