Милан Михајлов, Факултет за медицински науки
Петта година
Како студент на Стоматолошкиот факултет, при Универзитет "Гоце Делчев" Штип, имав можност по втор пат да бидам дел од Еразмус + програмата за студирање на Медицинскиот универзитет во Кошице - Словачка.
Искуството кое го стекнав при моето студирање и живеење надвор од државата како дел од Еразмус програмата ме дополни како личност, ми помогна да созреам како на професионално ниво така и на ниво на личниот персоналитет. Бев пречекан со пријателство и професионализам од страна на професорите и докторите кои ми помогнаа и се трудеа да ме научат што е можно повеќе. Бев редовен студент како на предавања така и на вежбите кои се одвиваа во универзитетска клиника, каде што имав можност 5 месеци да работам со пациенти и да се стекнам со добро знаење и пракса.
Запознав голем број на студенти ширум светот и имав можност да споделам убави моменти со нив и да ги почувствувам како блиски пријатели кои ќе ми останат за цел живот. Еразмус искуството е нешто кое секој студент би требало да го искуси во текот на своите студии затоа што тоа се моменти кои остануваат.