Мартин Панајотов, Електротехнички факултет
Четврта година
Еразмус е едно прекрасно искуство кое ми го промени животот во целост. Дружби, нови запознавања кои прераснуваат во вистински пријателста, патувања, нови искуства и спомени кои траат засекогаш. Студирањето, живеењето и дружењето со други студенти ми го прошири мојот хоризонт и ми овозможи да изградам многу нови пријателства.
Како студент на Електротехничкиот факултет, при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, имав можност да бидам дел од Еразмус + програмата и да студирам еден семестар на Универзитетот Св. Иван Рилски во Софија, Бугарија.
Во делот за образование можам да кажам дека факултетот на кој ја посетував мојата настава нуди одлична можност да се научат многу нови работи, да се зголеми креативноста и мотивираноста на секој студент. Поголемиот дел од наставата се одвиваше практично, односот со професорите беше пријателски но и професионален, и секогаш беа подготвени за соработка и помош. Исто така имавме и многу теренски настави во најдобрите фирми за преработка на руди во Република Бугарија.
Софија е прекрасен град, со прекрасна култура и како студентски град е место кое никогаш не спие, град во кој секогаш се случува нешто. Јас поминав прекрасни четири месеци како еразмус студент и им препорачувам на сите студенти кои имаат можност да бидат дел од Еразмус + размената на студенти.