Марина Николовска
Факултет за информатика
Студирањето во странство е искуство кое ве менува, ве прави независни, ги потикнува сите ваши скриени потенцијали. Мој предизвик – студирање на Универзитетот во Марибор – ФЕРИ, кој ми го овозможи Еразмус+ програмата.
Ја избрав Словенија како идеална дестинација за студирање надвор од Македонија, бидејќи нуди можност за наоѓање на студентска работа, добра мобилност, право на користење студентски бонови за исхрана и многу други привилегии во кои уживаат студентите. Мала држава која воодушевува со многу прекрасни локации. Богатиот културен живот не се одвива само во најголемите градови во државата, туку буквално во секој агол од Словенија.
Привилегијата да се биде Еразмус+ студент станува искуство кое ќе сакате да го повторите.