Кристина Митрова
Апсолвент на Универзитетот по медицински науки- Дентална Медицина
По вторпат ја пишувам изјавата од моето второ Еразмус+ искуство овојпат на Универзитетот Павол Јозеф Шафарик- Кошице, Словачка. По вторпат испишуваме историски моменти за студентите на Универзитетот Гоце Делчев. После моето конечно враќање назад честопати ми беа упатувани прашањата зошто го избра Еразмус повторно?
Мојот одговор е еден и секогаш ист, затоа што токму тоа искуство ми помогна да станам по силна и по исполнета личност, полна со идеи и стремеж да ги исполните истите. Затоа што сега имам јасна слика што всушност сакам да направам со мојата професија и како да го реализирам тоа. Затоа што сега ја знам културата и традицијата на различни нации, многу полесно можам да се приспособам во различни средини со луѓе од целиот свет.
На прашањето дали повторно би го избрала овој пат, мојот одговор е да и по стоти пат.