Кристина Митрова
Факултет по медицински науки- 5та година
Како студент на стоматолошки факултет, при Универзитет” Гоце Делчев”-Штип, имав можност да бидам дел од Еразмус + програмата за студирање на Медицинскиот Универзитет во Пловдив, Бугарија.
Ова искуство мене ме дополни како личност, ми помогна да созреам како на професионално ниво така и на ниво на личниот персоналитет. Бев пречекана со безпрекорно пријателство и професионализам од страна на професорите и докторите кои секогаш се трудеа да го пренесат најдоброто. Бев редовен студент како на предавањата така и на вежбите кои се одвиваа во универзитетска клиника со пациенти. Имав можност цели пет месеци да работам со пациенти и да се стекнам со огромно знаење и пракса.
Запознав голем број на студенти ширум светот и имав можност да споделам убави моменти со нив и да ги почувствувам како блиски пријатели кои ќе ми останат за цел живот. Еразмус искуството е нешто кое секој студент би требало да го искуси во текот на своите студии затоа што тоа се моменти кои остануваат.