Јаким Доневски
Факултет за образовни науки
Како студент по археологија постојано сакам да се надоградувам и воедно да соберам повеќе искуство за теренска методолошка работа од сите периоди. Оваа академска година (2017-18) во летниот период од три месци, имав можност да бидам дел од програмата Еразмус +. Моето Еразмус + искуство и соувршување го учев и стекнував во г.Самоков,Р.Бугарија, таму поминав 3 месеци во Градскиот Историски Музеј-Самоков. Како практикант се стекнав со искуство во методолошката теренска работа, кабинетска работа, музеологија и презентација и промоција на културното наследство. Како дел од стучниот тим на Градскиот Историски Музеј-Самоков со постојаната комуникација со вработените луѓе во музејот и коелгите го подобрив бугарскиот но и англискиот јазик. Таму поминав три прекрасни месеци, исполенти со голем ентузијазам, желба за нови знаења и предизвици. Во мојата пракса посетив, многу музеи, галерии, археолошки лолакитети, библиотеки и културно историски споменци, како во г.Самоков така и во градовите Софија, Пловдив, Благоевград, Петрич и Хисарија. На следните студенти кои имаат можност, им препорачувам да бидат дел од оваа програма.